Џафери на Самит на претседатели на Парламентите на земјите од Западен Балкан и на ЕП

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе учествува на самитот на претседатели на Парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот Парламент, кој го организира претседателот на Европскиот парламент, г. Давид Сасоли.

На самиот што ќе се одржи на 28 јануари во Брисел, ќе учествуваат претседателите на парламентите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија, а во својство на претставник на земјата претседавач со Советот на ЕУ, ќе учествува и  претседателот на парламентот на Хрватска.

Главна тема на Самитот ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ.

На крајот на состанокот предвидено е да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди цврстата волја на парламентите во регионот да бидат вистински двигатели на реформите и да испорачаат конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните.