По изборите во април, партиите да се договорат за напуштање на ад хок решението од 2016 г. за т.н. „техничка влада“, предлагаат Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и Александар Спасеновски, професор и поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ. За Манчевски е нормално во предизборен период да има интензивиран политички амбиент, но тој е различен од политичката криза пред 4-5 години оти институциите функционираат. За професорот Спасеновски пак клучно е дека техничката влада не ја релаксираше поларизацијата и не придонесе за враќање на довербата во институциите, што беше и една од причините зошто се донесе. Гледајте РесПублика поткаст.