Атлетика: Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400м

Сподели

 

Честитки за нашата Дрита Ислами, после 40 години срушен рекорд на Елизабета Божиновска !

Во својот настап на Националното првенство за Сениори во Сала кое се одржува овој викенд во Софија / Бугарија, нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400м со време 56.35 сек , рекорд стар 40 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 сек.

Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Европското Првенство во нејзината специалност 400 метри со пречки.

Резултати – Национално првенство за Сениори – Софија 01-02.02.2020

Дрита Ислами – 400м – 56.35
Мартин Милошевски – 3000м – 9.14.94
Марија Дувлис – 60м пречки – 10.54
Дијана Вукановиќ – 60м пречки -10.60
Рената Соколовска – 800м – 2.23.10
Филип Милановски – 800м – 2.08.11
Игор Јакимовски – 800м – 2.13.09
Муџахид Муслимоски -1500м – 4.23.95
Гилмаз Јунузи – 3000м – 10.50.81
Владимир Риусовски – скок во далечина – 5.59
Наско Стаменов – скок во височина – 194