“Од кичерајската барокна фасада на МЕПСО, со еден ветер одлетаа неверојатни 11 милиони евра од џебот на македонските граѓани.
Парчињата стиропор и гипс, опасно по живот паднати и расфрлани околу нас, сведочат за криминалот на Груевски и неговите соработници, денес актуелни во врвот на, сè уште, неговата партија.
Толку ли беше тешко со тие пари, потрошени за нивниот барок, да се изградат нови и квалитетни градинки, училишта, студентски домови, болници, мостови или патишта?” – напиша зам. министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на својот фб профил.