Денеска, со почеток во 19:30 часот, во Монтажната/Мобилна галерија во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи изложба на селекција на фотографии на Ванчо Џамбаски, од сите протести и герили на Шарената револуција.
Изложбата ќе се одржи во рамките на мултимедијален настан, кој е соработка меѓу Мобилната галерија и Радио Слободно Скопје.
Од 18 часот, премиерно ќе се емитува радио драмата Откованиот прометеј, а потоа ќе се емитуваат и концерти на Белизе бенд, Бојан Иванов и Бојан Жунгулов, Коноп, Вис Радио Слободно Скопје и Сусијат.