Три силни земјотреси го погодија Загреб – граѓаните на улица

Сподели

 

Три силни земјотреси го погодија Загреб. Европскиот сеизмолошки центар јави дека првиот земјотрес бил со јачина од 5.3 степени, со епицентар на 7 километри од Загреб. Вториот потрес бил во 7 часот со јачина 5.2 степени. Третиот потрес бил во 7.41 часот.

Ударот предизвика голема материјална штета во градот. Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади. Оштетена е и катедралата во центарот на градот откако колабираше една од двете кули.

Ангажирана е Армијата и сите служби на Градот Загреб за побрзо да бидат расчистени материјалните штети. Ќе се проверуваат зградите, бидејќи засега не се знае колку се оштетени.

Здравствените власти ги советуваат луѓето кои излегоа на улиците во страв од последователни удари да се обидат да ја одржат социјалната дистанца од два метра потребна за спречување на ширењето на коронавирусот.