„Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија“, напиша евроамбасадорот Семјуел Жбогар на својот твитер профил.
ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.
- До четири милиони за итни потреби
- До 50 милиони за заздравување на економијата
- Девет милиони за приватниот сектор
- Три милиони за директна буџетска поддршка