Претседателот Стево Пендаровски упати порака до граѓаните по повод христијанскиот празник Велигден.
“Посакувам Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот, а преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас.
Нека е за многу години големиот празник, Христос воскресна!”