Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок – известуваат од МВР.