Британската влада денеска договори воспоставување нов оддел на државни службеници, кои ќе преговараат за начинот на излегување на земјата од Европската Унија, соопшти портпаролот на британскиот премиер во оставка, Дејвид Камерон.
– Премиерот даде предлог, а кабинетот го поддржа формирањето на нова единица за водење на интензивната работа на државната служба за прашањата што ќе мора да бидат разработени за да се претстават опциите и да му се дадат совети на новиот премиер – рече портпаролката на Камерон.
Британскиот премиер, по обелоденувањето на резултатите од референдумот, соопшти дека до октомври ќе се повлече од премиерската функција.