МВР: 706 прекршоци неносење лична заштита на лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што утврдено е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 706 прекршоци.