СДСМ: По трет пораз, Мицкоски е шпицен аутсајдер

Сподели

 

“Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето.

Граѓаните на 15 јули, на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија неговите политики кои се заглавени во матрицата на Груевски, во матрицата на режимот.

Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.

Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи.

И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните.

Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво.

Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ.

Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот.

Државата, граѓаните со СДСМ продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе” – се наведува во соопштението на СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено вечерва.