Хакирана веб страницата на Министерството за здравство

Сподели

 

 

Министерството за здравство информира дека е хакирана и во моментов, не функционира нивната веб-страница. Велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: przdravstvo2020@gmail.com, стои во соопштението од МЗ.

Од синоќа не функционира ниту сајтот на Министерството за образование и наука, но сеуште немаат информација за што станува збор.