Прва владина седница по изборите

Сподели

 

Владата за денеска закажа седница преку видео-конференциска врска, со почеток во 12:00 часот.

Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.

Ова е прва седница по изборите и престанок на важноста на Пржинската влада, па на седницата нема да има министри од  ВМРО-ДПМНЕ.