Утре почесна стрелба по повод 18.август – Денот на Армијата

Сподели

 

Во пресрет Денот на армијата на Република Северна Македонија, 18 август, денеска со почеток во 10 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија, информираат од Генералштабот на Армијата.

Оттаму посочуваат дека утре, 18 август, исто така со почеток во 10 часот ќе се изврши почесната артилериска стрелба со истрелување на 5 плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев денеа по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, “ упати честитка до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кој во свое име и во името на  сите членови на Македонскиот полициски синдикат, го честита „18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

“Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена  пандемија од COVID-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани. Ви  посакувам  среќа и успех, како во личните, така и во професионалните ангажмани. Нека Ви е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија, „18-ти Август“- се вели во честитката упатена од Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев.