Вечерва по Седницата на централното раководство на ДУИ, лидерот на партијата, Али Ахмети, ги потврди имињата на министрите во новата Влада.
Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, додека на министерското место за економија останува Крешник Бектеши, за животна средина Насер Нуредини. Дополнителни консултации ќе има за Министерството за информатичко општество и администрација и најави дека утре Парламентот повторно ќе заседава на кој ќе се бира старо-новиот спикер, Талат Џафери. Ахмети, рече дека со функциите во новата влада ќе испратат порака за заедничка држава и порака за рамноправност.
“Во кампањата рековме дека ова е напредок за еднаквост за подобар живот и за иднината за сите. Токму оваа цел ја постигнавме заедно и го заокруживме историскиот договор за раководење во заедничка влада. Нашата цел беше да се постигне еднаквост. Се потриудивме да ги убедиме и другите партии на Албанците да не поддржат, но тие не одговорија на нашата покана и за ова ми е многу жал. Јас сум посветен дека Албанците треба да имаат конструктивен опозициски глас” – изјави вечерва Али Ахмети.