ДКСК: Нема кривична за Ангеловска, но од етички аспект да се доуредат прописите

Сподели

 

Нема кривична одговорност за министерката за финансии Нина Ангеловска, но во иднина треба да се доуредат некои односи за од етички аспкет се регулира судирот на интереси, – изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Според неа, Ангеловска по службена должност раполагала со информации за состојбата во Еуростандард, каде што министерката за финансии Нина Ангеловска имала депози кој го подигнала пред одлуката за затворање на банката.

„Министерката не го знаела можеби точниот ден кога ќе се случи стечајот, и дали воопшто до тоа ќе дојде, затоа што законски Народната банка не треба да ја известува за тоа, но таа била во позиција да ги има информациите. Тоа ја става во ризична состојба во однос на судирот на интереси. Да не пропаднеше банката ова немаше да се актуелизира. Но, наше е да укажеме и ние ќе иницираме измени во регулативата. Следниот министер може да има депозит и нашата цел и поента е да укажеме. Носителите на јавни функции можат да се најдат во ваква позиција, рече Ивановска. 

Според претседателката Ивановска, во случајот е нарушен етичкиот кодекс за носителите на јавни функции, кои треба да се грижат да не го нарушат Законот за спречување на корупцијата, а посебно да отстранат секаков сомнеж дека има поврзаност помеѓу јавниот и приватниот интерес.

Комисијата нема право да изрекува казни но укажува дека овие односи треба да се доуредат од етички аспект и да се додадат уредби за да се регулира судирот на интереси.