Трифун Костовски се јави со јавен повик до:
1.Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери,
2.Обвинителството за организиран криминал,
3.Антикорупциска комисија на Република Северна Македонија и
4.Министерството за Внатрешни работи,
со кој тој ги повикува да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука.
“Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас”, изјави Трифун Костовски.