Продолжен притворот на браќата Усеини за 30 дена

Сподели

 

Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и донесе одлука со која им го продолжи притворот за 30 дена на Нефи Усеини и неговиот брат, поради постоење опасност од нивно бегство.

Браќата Усеини се во притвор поради сомнение дека сториле кривично дело насилство, откако Топалоски ги пријавил во полиција дека Нефи Усеини и неговиот брат го нападнале во охридски хотел. Неколку дена подоцна, Топалоски ги демантираше написите од  медиумите, велејќи дека поради стресот стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол при нападот.

Основното јавно обвинителство во Охрид до Основниот суд Охрид поднесе обвинителен акт против браќата Усеини и побара посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети.