Промоција на книгата “Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“ на Проф. д-р Марјан Димитријевски ќе се одржи на 12.септември во 11 часот во рамките на Саемот на книгата 2020, на отворен простор во промотивниот центар на комплексот А1 АРЕНА – СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Интернационалниот однос на големите сили кон малите народи и држави е неисцрпна историска но и актуелна современа тема.
Токму за оваа проблематика зборува најновата книга на Проф. д-р Марјан Димитријевски во издание на Институт за национална историја-Скопје под наслов: “Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“.
Книгата е базирана на најнови научни истаржувања во домашни и странски архиви.
Промотор на книгата е Генерал Павле Арсовски.