Уставните судии и денеска не донесоа одлука за иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во општина Бутел.
Како што информираат од судот за Мета, на денешната седница присуствувале осум судии, кои гласале изедначено, однсно четворица биле за отфрлање, а четворица за прифаќање на иницијативата.
Иницијативате ќе биде повторно разгледувана на некоја од наредните седници на уставниот суд, најверојано на следната.
Ова е третпат да не се донесе одлука за оваа иницијатива, која до судот во март годинава ја поднел струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.
Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес (СМК), предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба, на што со контрапротести одговори СМК, чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот.