Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Република Хрватска

Сподели

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија
се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна
Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Хрватска Н.Е. Нивес
Тигањ.
На средбата двајцата соговорници ја потенцираа одличната соработка меѓу
министерствата за внатрешни работи на двете земји, досегашната, но и поддршката
на која можеме да сметаме и во наредниов период од страна на Република Хрватска
во процесите за започнување на преговори со Европската Унија. Стана збор и за
начините за справувањето со илегалната миграција и соработката со цел поефикасно
справување со обидите за илегален влез на мигранти.