Општина Центар им посака топло добредојде на околу 600 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи. Таму ги дочекаа пораки за многу успех и добро здравје во текот на целата учебна година, како и пакетче со училиштен прибор и Бонтон за деца за добро однесување на училиште и во домот. Целта на оваа активност е првоодделенците да го почувствуваат училиштето како свој втор дом, во кој ќе научат многу нови работи, но и ќе стекнат нови другари.
„Илустрираниот бонтон содржи повеќе совети за тоа како треба да се однесуваат со соучениците, како да се грижат за инвентарот, а годинава, со оглед на ситуацијата во која ќе се одвива наставата, вметнати се и содржини за правилно миење раце и одржување хигиена додека се во училиште. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакувам среќен почеток на учебната година, да бидат трпеливи и да ги почитуваат здравствените, со цел со заеднички сили да ја надминеме целата ситуација “, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар.
Ова бонтон издание е креирано специјално за деца на оваа возраст од страна на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, додека целокупниот проект се реализираше со поддршка на брендот Алвоген ОРС – производ за брз и ефикасен надомест на течности и електролити.Проектот „Среќно прваче“ прерасна во традиција, со оглед на тоа што трета година по ред се реализира во сите осум основни училишта на територијата на општина Центар.