ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и на југоистокот натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме.

Температурите ќе се движат од 9 до 30 степени.

 

 

Во вторник ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Температурите ќе бидат во благо опаѓање.