Турските погранични сили неутрализираа бомбаш-самоубиец на ДАЕШ во Сирија

Сподели

Турските сили нетрализираа двајца членови на ДАЕШ додека се обидуваа од Сирија да влезат во Турција, а еден од нив имал план да изврши самоубиствен напад во Анкара и Адана

thumbs_b_c_39c0f0bfb60e4421aa44847a4bb28258

АНКАРА (АА) – Турските погранични сили неутрализираа двајца членови на терористичката организација ДАЕШ додека се обидуваа илегално да влезат од Сирија во Турција, а разузнавачките служби дојдоа до сигурни информации дека еден од нив планирал да изврши самоубиствен бомбашки напад во Анкара и Адана, јавуваAnadolu Agency  (AA).

Неименуван воен извор за АА соопшти дека турските погранични сили на 25-ти јуни неутрализирале две лица кои се обиделе од Сирија да влезат во Турција и по тој повод одбиле да ги послушаат предупредувањата на граничната служба, обидувајќи се да избегаат од местото на настанот.

По истрагата од страна на разузнавачите утврдено е дека станува збор за двајца сириски државјани, Мухамед Араб и Мухамед Калед, кои имале контакти со припадникот на ДАЕШ, Мустафа Демир, познат под кодното име „Абу Али”.

Кај Aраб е пронајден авионски билет за лет од Дамаск до Камишли со датум од 21-ви јуни. Разузнавачките извори тврдат дека токму Араб планирал извршување на самоубиствен бомбашки напад во Анкара или Адана.