Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Чаир изречени се вкупно 131 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.