Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ на младата авторка Марија Костадиновска, со илустрации на илустраторката Александра Филипоска, ќе биде промовирана онлајн во понеделник (2 ноември) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“.
Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска која ќе разговара со писателката за оваа книга како и за идните планови.
Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.