Министерот за здравство, Венко Филипче до сите граѓани упати апел за почитување на мерките за спречување на коронавирусот.
“Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци”, порача министерот за здравство Венко Филипче.