Заев: Очекувам сериозна поддршка за за европскиот пат на сите 6 земји членки од Западен Балкан

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по потпишувањето на Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 со Албанија и Србија, изјави дека очекува од утрешниот самит во Софија уште еднаш да биде испратена пораката за отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија.

-“Утре очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот самит утре ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија”, истакна Заев.