Горан Стефановски: Луѓето, за да преживеат, ткајат приказни. Тие се с’ржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет

Сподели

 

 

 
“Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткајат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткајат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се с’ржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.
 
За да преживееме во суровиот свет, нашата приказна мора да е точна, втемелена во знаење и проникливост. Погрешната приказна може скапо да нѐ чини, да нѐ одведе во заблуда, во ќорсокак, па дури и во смрт. Нашите пејзажи постојано се менуваат, па затоа и нашите приказни мора постојано да се уточнуваат. Приказната е мапа. Ако мапата не соодветствува на пејзажот, ние сме изгубени.
 
Сите ние имаме насушна потреба да ја разбереме приказната за себе, да се огледаме, да се споредиме себеси со другите. Копнееме по мајстор раскажувач кој ќе ни ги протолкува руните, ќе ги поврзе причините и последиците, и ќе ни каже каде сме и кои сме.
Приказната е понекогаш смешна, понекогаш тажна, понекогаш е и едното и другото. Но едно е јасно: ниедна култура не може да опстане без точна, снажна и автентична приказна! Всушност, културата е токму таа точна, снажна и автентична приказна.”
 
(Исечок од заклучокот на еден од последните јавни говори на Горан Стефановски).