ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Претпладне по одделни котлини магливо или со значителна ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

 

 

Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.