„Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на ЕУ

Сподели

standard-poors-headquarters-in-the-fi-143461786-56bdfb9d5692e

Рејтинг-агенција „Стандрд едн Пурс“ синоќа го намали кредитниот рејтинг на Европската Унија од ниво АА+ на АА поради несигурноста во ЕУ по одлуката на Британците да излезат од Унијата.

„По одлуката на британските гласачи за напуштање на ЕУ, направивме преоценка на нашето мислење за кохезијата на Унијата и сметаме дека блокот може да има помала буџетска флексибилност по повлекувањето на Велика Британија“, се вели во соопштението на „Стандард енд Пурс“.

Агенцијата, исто така, наведува дека без разлика на намалениот рејтинг на ЕУ, сепак оценката за нејзините перспективи е стабилна. Тоа значи дека на среден рок веројатно ќе нема потреба за дополнително намалување на рејтингот.

meta.mk