Вакцината за коронавирусот на германската компанија Бионтек и на американскиот партнер Фајзер ги помина сите пречки во Велика Британија и доби зелено светло. ЕУ сè уште ја чека одлуката на надлежниот орган, известува Дојче веле.
Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирусот на компаниите Фајзер од САД и Бионтек од Германија и нарача 40 милиони дози.
Обединетото кралство е прва земја во светот која ќе започне со користење на вакцината против коронавирусот на двете компании. Британската регулаторна агенција за лекови МХРА наведе дека вакцината, која е ефикасна околу 95 отсто во борбата против Ковид-19, е безбедна за употреба.
„Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек“, соопштија од британската влада.
Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина.