10-годишен јубилеј на изборот ТОП 100 најуспешни компании организиран од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

Сподели

 

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и оваа година го организира веќе препознатливиот и ексклузивен настан за избор на најуспешните и најмоќните компании „ТОП 100“, овој пат како специјално десеттото јубилејно издание.

Настанот кој несомнено се претвора во традиција, и оваа година ќе ги истакне и награди најдобрите компании од најразлични индустрии, кои покажале најголем успех на повеќе полиња во своето работење, а се воедно и членки на Комората и својот успех несомнено го должат и на поддршката и помошта од Комората како специјална привилегија и придобивка на секоја компанија која е дел од мрежата на членки.

Индикатори, кои влијаат при избор на најдобрите и најуспешни 100 компании се годишниот приход кој го прикажуваат, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал. Главната цел на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е преку овој настан да се зголеми конкуренцијата помеѓу компаниите и истовремено да се стимулира и развојот на истите.

Избраните „ТОП 100“ најмоќни компании докажуваат како храбро треба да се ризикува и инвестира на пазарот за да се постигне посакуваниот успех, кој исто така влијае и на целосната економија на државата.

Десеттото издание на „ТОП 100“ најуспешни компании ќе се одржи на 9 декември 2020 (среда), во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Поради актуелната пандемија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на јубилејниот настан „ТОП 100“, се одлучи за целосна транспарентност со прикажување на истиот јавно и преку live streaming на социјалните мрежи.

denesmagazin.mk