Филипче: Лицата со попреченост ни кажуваат каде е проблемот и како да го решиме

Сподели

 

Лицата со попреченост се гласот и водичот на институциите, ни кажуваат каде е проблемот и на кој начин да го решиме. Во изминатиот период, заеднички со граѓанските организации вложивме многу во грижата за овие лица, изјави министерот Венко Филипче.
 
✅ Сите ковид центри ќе имаат физички пристап со количка, а во неколку здравствени установи го олеснивме пристапот за овие лица;
✅ Го зголемивме пристапот кон ортопедски помагала, воведовме лесни и ултра лесни колички;
✅ За првпат, воведовме рефундација за надстандардното ортопедско помагало;
✅ Го воведовме лекот Спинраза, за најмалите деца кои имаат физичка попреченост како резултат на болеста;
✅ Обезбедивме повеќе сензорни соби, посебно за децата со попреченост во интелектуалниот развој;
✅ Во припрема е Измената на Законот за здравствено осигурување кадешто се првпат услугите кон лицата со попречености ќе бидат третирани и плаќани како здравствени услуги.
 
denesmagazin.mk