На 5 декември заеднички со младите, Еквалис ќе го одбележи интернационалниот ден на волонтерстовото. Го најавуваме младинскиот предизвик „100 волонтерски часови за еден ден“.
Целта на оваа иницијатива е во рок од 24 часа младите да исполнат најмалку 100 часа поминати во волонтерство во своите заедници. Потребата да бидеме солидарни, да го дадеме нашето слободно време во служба на заедницата и со тоа нашата заедница да е подобро место за живеење особено се истакна во оваа здраствена пандемија.
За таа цел ве повикуваме да волонтирате. Волонтирањето е првиот чекор со којшто се согласувате активно да учествувате во трансформирање на својата заедница.
За кого?
Оваа иницијатива е отворена за млади од целата држава на возраст од 13 до 30 години.
Оваа иницијатива е отворена за млади од целата држава на возраст од 13 до 30 години.
Како ќе се одвива инцијативата?
Во петок во 16:00 часот сите регистрирани учесници на иницијативата ќе ја добијат својата задача за волонтирање. Задачата треба да се исполни до 16:00 часот наредниот ден. Волонтерската задача ќе биде во едно од следните полиња: образование, култура, климатски промени, медиумска писменост, општествено и хуманитарни иницијативи, иницијативи за подигнување на свеста поврзани со КОВИД-19 и феминистички иницијативи.

Начин на извршување на волонтерските задача?
Секој учесник ќе ја спроведува својата волонтерска задача индивидуално и во услови на целосна заштита со цел да се избегне било каков вид на групирање или изложување на вирусот.
На 05-ти декември во 18:00 часот сите учесници ќе се сретнат заедно на онлајн настан каде што ќе ги презентираат своите волонтерски подвизи, ќе разговараат за важноста на волонтерстово и како ќе продолжиме понатаму да градиме општества во коишто волонтерстовото ќе биде редовна практика.
За пријава на учество на : https://forms.gle/D6D7YMfB1fmngvdA9