Мицкоски и денеска повика на протест пред Владата за оставка на премиерот Заев

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе протестира за оставка на премиерот Зоран Заев, пред Владата со почеток во 18 часот. 

Протестот ќе започне со тргнување со автомобили пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски го повика народот за поддршка, со цел да се спротивстават на премиерот Заев кој, како што вели Мицкоски, ја продава државата.

 

 

„ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка! – соопшти Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на својот Фејсбук профил.