Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од ПС Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27594 парчиња разни пиротехнички средства.
Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.