Денешната 30 собраниска седница беше прекината.
Пратеникот на СДСМ, Дарко Каески е позитивен на Ковид 19, а се чекаат резултати и за друг пратеник.
Поради ова, мнозинството не беше во можност да обезбеди кворум за иницирање на 30-та седница на која се ставени законот за попис на населението, интерпелацијата против Никола Димитров и низа други закони.
Пратениците од опозицијата, иако присутни во Собранието, не влегоа во салата за да обезбедат работен кворум.