Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и други давачки за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници објавени се 1.974 должници – правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,5 милијарди денари (171 милиони евра), што е зголемување за 237.467.663 денари (3,8 милиони евра) во однос на претходната листа.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци УЈП апелира должниците да се обратат до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.