Граѓаните правилно и совесно да го одлагаат отпадот од заштитните маски

Сподели

 

Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад.

 

 

Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси.

 

 

„ЈП Комунална хигиена-Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.

 

 

Но, до жителите на градот Скопје апелираме употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.