Специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски за телевизија Телма потврди дека е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски Телеком, во кој државата има свој удел. Истовремено, сателитскиот канал на Македонската телевизија да се реемитува на бугарските телевизиски оператори.
Исто така, се чека и завршување и на процедурата околу документацијата за три приватни бугарски телевизии да можат да се реемитуваат во Македонија, а до крајот на февруари истото ќе се направи и со три до четири приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.
Од денеска новинската агенција МИА има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.