Министерот Филипче го посети интернистичкиот блок на Клинички кој после 70 години е реновиран

Сподели

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово го посети интернистичкиот блок во склоп на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кој после 70 години е реновиран.

Филипче имаше средби со директорите на Клиниките и направи обиколка на одделите за интензивна нега, болничките одделенија на Интерните клиники кои се во целост обновени. Најстарата зграда на Интерно беше реновирана, независно што работеше во полн капацитет со ковид пацинети. Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за уво нос и грло и Клиниката за очни болести, заедно со Клиниката за неврологија и Клининиката за кожни болести, дневно згрижуваа и по 400 ковид пациенти.

На состанокот директорите од интерно посочија дека со реновирањето на Клиниките пациентите добија достоен пристап до лекување, а медицинскиот персонал нормални услови за работа.

Со намалувањето на бројот на ковид позитивни болни кои бараат болничка нега и терапија, дел од ковид центрите се затворија и продолжија со нормална динамика на работа.