„Vakcinacija.mk“ достапна и на албански јазик, 46.023 лица аплицираа

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/.
 
На оваа веб-страница 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент.
 
 
 
 
 
Преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. „Мој Термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава.
 
Вчера, во Северна Македонија пристигна првата пратка 4680 од вкупно 8000 фајзерови вакцини против КОВИД-19 од Република Србија. Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.
 
Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.