Во соопштението се вели дека во Судскиот медицински центар во Багдад се наоѓаат 150 тела на загинати кои се целосно изгорени и не е возможна нивна идентификација
БАГДАД (АА) – По големиот бомбашки напад кој се случи во Багдад, бројот на загинати порасна на 250 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за здравство на Ирак се вели дека во терористичкиот напад кој беше извршен во центарот на Багдад, во квартот Карада, бројот на загинати се зголеми на 250 лица, додека повредени се 200 лица.
Во соопштението се вели дека во Судскиот медицински центар во Багдад се наоѓаат 150 тела на загинати кои се целосно изгорени и не е возможна нивна идентификација.
Одговорноста на нападот во Багдад ја презеде терористичката организација ДАЕШ, а во Ирак беше прогласена тридневна национална жалост.
Претседателот на Ирак, Фуад Масум, соопшти дека поради теористичкиот напад во државата нема да се прославува Рамазан Бајрам.