Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Фејсбук објави дека Захариева изјавува скандалозни невистини за усогласеноста на Македонија со надворешната политика на ЕУ. Тој изјави:
“Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%:
“On common foreign and security policy (CFSP), the country aligned – when invited – with 84 out of 91 High Representative declarations on behalf of the EU and Council Decisions, representing an alignment rate of 92% in 2019.”
Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски”.