“Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03)” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
“Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19”, додаде министерот.