Фондација “Славко Јаневски”: Прогласување на Роман на годината

Сподели

 

Фондацијата „Славко Јаневски“ денеска ќе го соопшти името на годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“.

 

 

На годинашниот конкурс беа пристигнати 40 романи, а лауреатот ќе добие статуетка, плакета и паричен износ од 150 илјади денари.

Во најтесниот избор за наградата влегоа пет романи – „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Во состав на жири комисијата беа Оливера Николова, која беше лауреат за 2019 година, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.