Заев: Брисел да го поттикне одобрувањето на преговарачката рамка

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот портал и печатеното издание на „Луксембургер Ворт“, под наслов „На долгиот и бурен пат до ЕУ“, на прашањето во кое дел од одлуките на премиерот Заев се оценуваат како храбри и историски истакнува дека тие беа донесени за да се остварат големите стратешки цели на земјата – членството во НАТО и во ЕУ.

„Кога станува збор за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, ние сме пример дека ги исполнивме. Фактот дека тоа не се случи, предизвика кај сите нас непријатно чувство. Јас сепак останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година. Исто така имаме непоколебливи очекувања дека Брисел ќе го поттикне решението на ова прашање и ќе докаже дека нема да дозволи, прашањата од историјата да бидат пречка за интересот на ЕУ за проширување и за иднината на нашата земја“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за „Луксембургер Ворт“.