Филипче го разреши директорот на струшката болница

Сподели

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека e разрешен директорот на струшката болница, Мухамед Хасани, поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга останала без бубрег, матка и јајник.

Министерот информираше дека донел одлука за формирање на нова петчлена комисија, по барање на семејството на родилката, но и на повеќе невладини институции, откако претходно беше формирана комисија преку Лекарската комора, која не даде одговор на многу прашања поврзани со случајот. 

Министерот побара новата комисија да утврди дали имало пропусти и изјави дека никој нема да биде поштеден од одговорност. Комисијата е составена од професори и лекари од неколку Универзитетски клиники во Скопје, правник од Министерството за здравство и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).